Форум на PC Mania
https://forum.pcmania.bg/phpbb3/

Обръщение на Българите от Македония
https://forum.pcmania.bg/phpbb3/viewtopic.php?f=1&t=47641
Страница 1 от 2

Автор:  Ледник [ 31 Яну 2007 22:21 ]
Заглавие:  Обръщение на Българите от Македония

Намерих го из форумите на вестник АТАКА, реших че ще представлява интерес за всички, с които някога сме завързвали дискусия за Българска Македония.





О Б Р А Ќ А Њ Е
На група граѓани од Р. Македонија
29.01.2007



До Европскиот парламент
До Советот на Европа
До амбасадорите на државите членки на Европската Унија во Р. Македонија
До амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија
До амбасадорката на САД во РМ
До амбасадорот на Канада во РМ
До амбасадорот на НР Кина во РМ
До амбасадорот на Русија во РМ
До амбасадорот на Швајцарија во РМ
До амбасадорот на Турција во РМ
До амбасадорот на Албанија во РМ
До амбасадорот на Хрватска во РМ
До Канцеларијата за врски на НАТО
До Делегацијата на Европската комисија
До Мисијата на ОБСЕ
До Истражувачкиот центар за граѓанско општество во Република Македонија
До Народниот правобранител на РМ
До Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права во Р. Македонија

Ваши екселенции, почитувани дами и господа,

Ви се обраќа група граѓани на Република Македонија, кои како свои животни начела ги прифаќаат демократските придобивки на човештвото, имаат симпатии спрема Република Бугарија или се чувствуваат како етнички Бугари. Сакаме да го изразиме нашето чудење од фактот што амбасадите на државите членки на ЕУ и Вие лично досега не сте реагирале (ниту со коментар или констатација) на континуираниот нескриен и скриен систематски антибугарски шовинизам кој доследно и педантно го шират медиумите во Република Македонија. Станува збор за омраза кон една земја, од 1 јануари 2007 година членка на Европската Унија, а на индиректен начин и омраза спрема земјите и народите на ЕУ, затоа што ја примиле и прифатиле Бугарија во семејството на обединети европски народи.
Ви се обраќаме, Ваши екселенции, почитувани дами и господа, и од причина што станува очигледно дека претставителите на бугарската држава и по демократските промени во 1989 година покажуваат инерција, летаргичност и незаинтересираност за тоа што во своето соседство имаат шовинистичка држава, чијшто главен објект за омраза се Република Бугарија и припадниците на бугарскиот етнос каде и да живеат, вклучувајќи ги, најмногу, тие во Република Македонија.
Еден од последните подрастични примери за ултрашовинистичкиот однос на медиумите во Република Македонија спрема бугарската држава и бугарскиот народ можеше да се види во епизодата од анимираниот филм “Еднооки” емитувана на 3 декември 2006 година на А1 телевизијата. Таму Бугарија (а со тоа и Европската Унија) беше наречена со имињата: “болва”, “проститутка”, “јавна куќа”, “гомно”. За да добиете слика (и тон) за состојбата на духот во Република Македонија, чијашто парадигма се “Еднооки”, Ви ја доставуваме снимката од посочената епизода на овој анимиран филм.
Друг свеж пример за опседнатост со антибугарски шовинизам може да се сретне во написот на Ружица Пејовиќ во “Неделно Време” од 19 ноември 2006 година. Авторката по наброените 12 точки зошто не сака Република Македонија да влезе во Европската Унија, ја наведува последната, цитираме: “И последно и најважно… луѓе… Бугарија успеа да влезе во ЕУ. Мора да е навистина гнило”. Оваа последна точка Пејовиќ ја објави со потемнети букви.
Насловот на текстот на Пејовиќ е “Таму е мрачно и мрак м’ обвива”, што е парафраза од песна на Константин Миладинов, автор и преродбеник од Македонија, родум од градот Струга, кој живеел во 19 век, а собрал народни песни од цела Македонија и ги издал во книга со наслов “Б’лгарски народни песни”.
Намерно го потенцираме овој факт Ваши екселенции, почитувани дами и господа, за да илустрираме дека состојбата на патолошка омраза спрема Бугарија во Република Македонија оди рака под рака со незнаењето на историјата. Омразата спрема Бугарија и непознавањето на македонската историја кај дел од граѓаните на Република Македонија се две работи кои сметаме дека директно (во облик на брутална денационализација/дебугаризација на најмногубројното население во Македонија) беа стимулирани од Белград, а овозможени поради геостратегиските и блоковски поделености на светот во минатиот век. Сега тој процес продолжува поради инерцијата, летаргичноста, незаинтересираноста и конформизмот на меѓународната јавност.
Проблемот е што колатерална штета на тој конформизам сме ние граѓаните на Република Македонија, кои како свои животни начела ги имаме демократските придобивки на човештвото, имаме симпатии спрема Бугарија или се чувствуваме како етнички Бугари. Денес да се декларираш како Бугарин во Република Македонија, да покажеш симпатии спрема Бугарија или сомнеж во официјалното толкување на историјата во Република Македонија (кое е валидно само во нејзините граници), значи да се изложиш на можност да бидеш претепан, затворен, избркан од работа, јавно навредуван, омаловажуван и екскомунициран.
Дури и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој секаде во светот треба да се бори за заштита на правата на човекот, во Република Македонија укажува на повредите на човековите права на сите категории граѓани, освен на етничките Бугари. Уште повеќе, поранешниот претседател, а сега “само” почесен претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија, Мето Јовановски два пати јавно на улица и во кафеана, додека ја имаше функцијата прв човек на организацијата, викаше и се дереше по еден негов сограѓанин: “Бугарин, Бугарин”, етикета што во контекст на шовинистичката синонимија во Република Македонија треба да се сфати како во анимираниот филм “Еднооки”: “болва”, “проститутка”, “јавна куќа”, “гомно”.
Со нереагирањето од државно и меѓународно ниво на стимулираниот од некои кругови во Република Македонија антибугарски шовинизам, официјалните претставители на странските амбасади не им помагаат на македонските граѓани. Напротив, ги оставаат да живеат во земја во која нормално и пожелно е да се мрази соседната држава!
Потребни се тони хартија за да се цитираат текстовите обоени со антибугарски шовинизам публикувани во медиумите во Република Македонија. Да извлечеме само уште неколку примери. Дневниот весник “Вест” на 6 ноември 2006 година излезе со насловна страница на која централната најава беше “Бугарија се продава без визи”. Текстот сугерира дека туристичките агенции во Македонија ќе имаат проблеми со начинот на вадење бугарски визи за своите клиенти, но насловот “Бугарија се продава без визи” придружен на насловната страница со слика (од друга најава) на полуразголена актерка која ја соблекува потпетицата, мислиме дека доволно јасно покажува што сакало да каже уредништвото на весникот. На 26 јули 2006 година “Вест” излезе со насловна страница “Бугарија условува, Бугарките не”, покажувајќи ги полуразголените девојки од поп-фолк групата “Три”. Дополнителен коментар на овој вербален примитивизам сметаме дека не е потребен.
Неделникот “Форум плус” по објавувањето на веста за добивање бугарско државјанство на поранешниот претседател на Владата на Република Македонија Љубчо Георгиевски, во серија броеви потоа, експремиерот, во каков било контекст и да беше спомнуван, го именуваше како “Љубчо Бугаринот”, што не е многу поразлично од употребата на терминот “Евреинот” во книгата “Мојата борба” на Адолф Хитлер.
Претпоставуваме дека ја согледувате или Ви е укажано за врската меѓу политичката и медиумската власт во Република Македонија. Станува збор за држава во којашто имаме пародија од демократија и каде што од времето на социјализмот (србокомунизмот) досега ништо не е изменето во поглед на тоа кои луѓе и семејства (и со каква идеологија) имаат решавачка ролја во стопанството/бизнисот па според тоа и моќ да основаат и управуваат медиуми. Дури и да прифатиме дека има некаков плурализам, во однос на теориите за “самобитноста на македонската нација” сите партии и медиуми на коишто таа тема им е важна манифестираат крајна исклучивост, нељубопитност за немакедонистички/нејугословенски источник и повеќе или помалку прикриена омраза кон секој што мисли поинаку.
Од Самуила до 1934 година (кога дел од контролираната од Коминтерната левица го прифаќа етничкиот македонизам), сите цареви, преродбеници и револуционери од нашето минато, кои Република Македонија ги прогласи за духовен темел на своето суштествување, се чувствувале како Бугари. Историографијата на Република Македонија тие цареви, преродбеници и револуционери, интерпретирајќи го нивното бугарско декларирање, ги прикажува како етнички Македонци, давајќи му на етничкиот македонизам ретроактивно дејство и на тој начин ја краде бугарската историја. Во таа функција идеолошките и лични судири на наши дејци во минатото се прикажуваат како судири во однос на етничкото декларирање. Огромен проблем се јавува кога желбата/интерпретацијата на југомакедонистичката историографија за етничката припадност на нашите дејци во училишните учебници се прикажува како фактографија. Така на оние читатели коишто немаат желба подлабоко да се занимаваат со историјата, а имаат способност да читаат меѓу редови, перфидно им е оневозможено да ја согледаат разликата меѓу фактографијата и интерпретацијата.
Ние не бараме Ваши екселенции, почитувани дами и господа, да ни верувате нам и на нашите ставови за историјата. Но, кога се доаѓа за амбасадор во една земја која има проблеми со сите соседи поради обидите на другите да им го наметне ретроактивното дејство на етничкиот македонизам, сметаме дека е потребно барем да се консултираат неутрални историски извори за проблематичните прашања.
Ова уште повеќе се наметнува како потреба ако сака да се сфати суштината на проблемот со таканареченото “македонско национално малцинство” во Република Бугарија, односно со организацијата која себеси се нарекува ОМО “Илинден” Пирин. Не навлегувајќи во неотуѓивото право секој човек да се декларира така како што се чувствува, подвлекуваме дека зборот “Илинден” во името на организацијата е очигледна алузија на Илинденското востание кренато 1903 година во Македонија и Одринска Тракија против Отоманската империја. Водачите на тоа востание во тогашните прогласи до народот и до светската јавност (и низ целиот нивен живот) во етничка смисла се изјаснуваат како Бугари, најмногубројното/славјанското население во географска Македонија го третираат како бугарско, а сите новински, дипломатски и турски воени и полициски известија од тоа време зборуваат за востанати Бугари.
За Јане Сандански - човекот пред чијшто гроб и паметници таканаречената ОМО “Илинден” Пирин организира собири – може да се дискутира во однос на неговиот морален, етички, интелектуален и идеолошки профил. Но, во поглед на етничката идентификација тој секојпат се изјаснувал како Бугарин, а најмногубројното/славјанското население во Македонија го сметал за бугарско. Овие факти можат да се проверат и во транскрибираните оригинални документи од, и за него, публикувани и во Република Македонија.
Во таа смисла обидот низ имињата на Илинденското востание и на Јане Сандански да се легитимира организација на луѓе кои се чувствуваат како етнички Македонци во Република Бугарија, значи да се поништи човековата моќ за размислување и расудување со помош на логика и аналогија, како и да и да се легитимираат и легализираат:
1. агресијата врз историјата на бугарската нација;
2. историските фалсификати на југомакедонистичката (србомакедонистичката) историографија; и
3. неинтелигенцијата, злонамерноста, пристрасноста, цинизмот, ароганцијата, бездушноста и бесчувствителноста како врвни принципи.

Повторно потенцираме, не верувајте на нашите зборови ами сами проверете ги фактите. Подвлекуваме и дека таканаречената ОМО “Илинден” Пирин се мачи да собере 5.000 пристапници во услови кога Пиринска Македонија има 300.000 жители, а во цела Бугарија се проценува дека има 2 – 3 милони луѓе со потекло од Македонија. Зошто по сите војни, востанија и од други причини луѓето од Македонија бегале токму во Бугарија?!
Сепак, централната тематизација во ова писмо се: нетолеранцијата, омразата, антибугарскиот шовинизам и шовинизмот генерално во Република Македонија, како и исклучувањето на секаков дијалог со Бугарија по историски теми (се прашуваме зошто?!).
Ваши екселенции, почитувани дами и господа, укажуваме на фактот дека провладините медиуми дневниот весник “Вечер” и Телевизија Сител се главни носители на шовинистичките бугарофобични тези во јавниот живот во Република Македонија. Со тоа актуелната влада ја посочуваме како одговорна за промовирањето фашизоидни тези и етничка омраза. Како потврда за нашето мислење приложуваме доказен материјал (фотокопии од статии објавени во “Вечер”).

Ве повикуваме како претставители на земјите членки на Европската Унија и на НАТО во Република Македонија, како амбасада на ЕУ, амбасада на НР Кина, амбасада на Русија, амбасада на Швајцарија, Канцеларија за врски на НАТО, Парламент на Европа, Совет на Европа, јасно да се ангажирате со проблемите кои се фабрикувани од некои суштествувачки уште од тоталитарниот период србокомунистички кругови во Република Македонија. Со правењето проблеми тоталитарните кругови прават обид Република Македонија во поглед на односот спрема Бугарија, бугарскиот народ и спрема своите граѓани кои се чувствуваат како етнички Бугари, да гради режим кој ментално, емоционално, а понекојпат и физички е комбинација од апартхејд, нацизам, фашизам, сталинистички комунизам и Кју-Клукс-Клан. Ова можат да го потврдат бројни граѓани на Република Македонија. Единствената разлика меѓу предводниците на овие тоталитарни идеологии и претставителите на антибугарскиот шовинизам во Република Македонија е во тоа што оние првите вложуваат неспоредливо поголем мисловен напор во експликацијата на својот светоглед. Степенот на омраза е тука некаде.
Последен пример на сегрегација беше монтираниот политички процес на кој беше осуден на затворска казна 67-годишниот жител на Скопје и етнички Бугарин Јове Стојановски, за што не се сеќаваме на посериозна реакција од страна на претставителите на странските амбасади во Република Македонија.
Како граѓани настојуваме, Ваши екселенции, почитувани дами и господа, Вие и Вашите претпоставени да се ангажирате со фабрикуваните проблеми од некои кругови во Република Македонија, со дозволениот и стимулиран антибугарски шовинизам во неа. Настојуваме за примена на европските политички норми и за воспоставување на систем на мониторинг врз македонските медиуми, образованието и почитувањето на човековите права.

Ваши екселенции, почитувани дами и господа!

За жал за време на собирањето на потписите за петицијата се случи тоа што на некој начин го најавувавме и од што се плашевме. Група од 40 – 50 хулигани вооружени со камења, со метални и со дрвени стапови, на 13 јануари покрај кејот на реката Вардар ги нападна почитувачите на Мара Бунева. Беа тепани и удирани постари луѓе, во најголем дел на 50, 60, 70 и 80-годишна возраст, од кои некои беа со прележани мозочни и срцеви удари. Крвничкото претепување хулиганите го гарнираа со извиците: “Умрете Бугари”, “Смрт за Бугарите”, “Бугари Татари”…, иако никој од насобраните граѓани не одржа говор ниту некој рече нешто повикувајќи се на каква било националност.
Медиумите во Република Македонија го продолжија фашизоидното дивеење и во врска со инцидентот на кејот на реката Вардар. Во преден план беа ставени изјавите на нас’сканите фашисти, кои лажеа дека почитувачите на Мара Бунева ги провоцирале пцуејќи им ја мајката македонска и извикувајќи: “Ова е Бугарија”. Колку е бесмислена оваа лага покажува фактот што и ако некој од почитувачите на Мара Бунева се смета за Бугарин, тој секако се чувствува географски како Македонец, па и хипотетички да претпоставиме дека е простак и шовинист, не може да пцуе мајка македонска.
Ваши екселенции, почитувани дами и господа, сметаме дека фашизоидните медиуми во Република Македонија го подготвија теренот за крвничкото претепување, особено провладините “Вечер” и Телевизија Сител, кои се во тесна врска со две владеачки партии: ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичката партија на Македонија. Ве молиме од бројните исечоци што Ви ги даваме, да обрнете внимание на говорот на омраза што го шири “Вечер”, особено низ текстовите на неговиот главен и одговорен уредник и низ фашистичките текстови потпишани со псевдонимот “Џоле такси”.
На 17 јануари 2007 година во централните вести на А1 телевизија вака почна најавата за веста во која се соопштува за поднесување некаква декларација во бугарскиот парламент: “По инцидентот пред плочата на Мара Бунева, нова провокација од Бугарија…”. Вака составената реченица сугерира дека и инцидентот на плочата на Мара Бунева е провокација од Бугарија, со што сметаме дека и Јозеф Гебелс би му позавидел на уредникот на вестите на А1 телевизија на 17 јануари 2007 година.
Советникот од Лигата за демократија во Советот на град Скопје, Ѓорѓи Марјановиќ, главниот и одговорен уредник на “Вест” Горан Михајловски, коментаторот на “Вечер” Владимир Тулевски, а секако и главниот и одговорен уредник на “Вечер” и уредник во Телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас, јавно го поддржаа насилството. Веројатно ниту во нацистичките весници “Фолкишер беобахтер” и “Дер Штурмер” раководен од уредникот Јулиус Штрајхер, немало текстови за Евреите, какви што има за бугарската нација и држава во медиумите во Република Македонија.
Ваши екселенции, почитувани дами и господа, Ве повикуваме да извршите мониторинг на работењето на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, коешто покажа нескриена желба за релативизирање на инцидентот. Релативизирањето се состоеше во првичните обиди пријавата да биде за “учество во тепачка”, а не за “физички напад” и во обидите на некои полициски службеници да ги заштитат злосторниците.
Сметаме дека ако не се најдат инспираторите на нападот, полицијата ќе покаже дека е неспособна или, уште повеќе, дека во конкретниот случај не сака да ја заврши работата.

Скопје, 26.01.2007
Од иницијативниот комитет
за собирање потписи


http://www.tribune.eu.com/articles/2854.html

Автор:  Gastly [ 31 Яну 2007 22:49 ]
Заглавие: 

Един превод ще ми се отрази добре...мързелът е велико нещо...

Автор:  Kompoth [ 31 Яну 2007 22:51 ]
Заглавие: 

"кои како свои животни начела ги прифаќаат"

Ако ида у македонско, нивгиш не мога се оправя...

Автор:  Till.Lindemann [ 31 Яну 2007 23:09 ]
Заглавие: 

Е кво не разбирате бе, тове е на Български, нали сте Българи

Автор:  Ледник [ 31 Яну 2007 23:13 ]
Заглавие: 

Nocturno написа:
"кои како свои животни начела ги прифаќаат"

Ако ида у македонско, нивгиш не мога се оправя...


"Животни" значи "жизнени".


Гастли, ако не можеш да го разбереш, просто ме разочароваш. :) Дядо ми пък е от Дупнишко, та македонския ми е като втори роден език. Посмъртно не мога да го говоря или пиша, но разбирам всяка думичка. Не е трудно, за Бога!

Автор:  ---------- [ 31 Яну 2007 23:15 ]
Заглавие: 

Till Lindemann написа:
Е кво не разбирате бе, тове е на Български, нали сте Българи

Грешка, това е "развален" български тоест "македонците" са променили родния си език(български), защото не искат да си признаят, че са българи.

Автор:  Shady [ 31 Яну 2007 23:27 ]
Заглавие: 

Зубро написа:
Дядо ми пък е от Дупнишко, та македонския ми е като втори роден език.


И аз съм от Дупница, пък не вдявам и дума :? Ама честно, немския ми е по-ясен (а това означава много)

Автор:  Gastly [ 31 Яну 2007 23:28 ]
Заглавие: 

Ледник написа:
Nocturno написа:
"кои како свои животни начела ги прифаќаат"

Ако ида у македонско, нивгиш не мога се оправя...


"Животни" значи "жизнени".


Гастли, ако не можеш да го разбереш, просто ме разочароваш. :) Дядо ми пък е от Дупнишко, та македонския ми е като втори роден език. Посмъртно не мога да го говоря или пиша, но разбирам всяка думичка. Не е трудно, за Бога!


Бе, то аз разбирам, но има някои думи, дето тряя се напънеш, за да ги разшивроваш и разгадаеш...а сега ме мързииии

Автор:  wannabe [ 31 Яну 2007 23:35 ]
Заглавие: 

Не вярвам някои да го прочете тва...Тука не е форума на атака

Автор:  Wile E. C. [ 01 Фев 2007 00:33 ]
Заглавие: 

Ледник написа:
Nocturno написа:
"кои како свои животни начела ги прифаќаат"

"Животни" значи "жизнени".

Точно заради това има нужда от превод. Думите са почти същите, просто значат различни неща.
Българския и македонския може да са били близки преди 1-2 века, но вече не е точно така. По-лесно ще се разберем на английски.



Автор:  The Chameleon [ 01 Фев 2007 01:36 ]
Заглавие: 

Ледник написа:
Nocturno написа:
"кои како свои животни начела ги прифаќаат"

Ако ида у македонско, нивгиш не мога се оправя...


"Животни" значи "жизнени".


Гастли, ако не можеш да го разбереш, просто ме разочароваш. :) Дядо ми пък е от Дупнишко, та македонския ми е като втори роден език. Посмъртно не мога да го говоря или пиша, но разбирам всяка думичка. Не е трудно, за Бога!


Хохо.. и в мен тече македонска бурна кръв.. по дядова линия ! :twisted:

Автор:  Till.Lindemann [ 01 Фев 2007 18:20 ]
Заглавие: 

The Chameleon написа:
Ледник написа:
Nocturno написа:
"кои како свои животни начела ги прифаќаат"

Ако ида у македонско, нивгиш не мога се оправя...


"Животни" значи "жизнени".


Гастли, ако не можеш да го разбереш, просто ме разочароваш. :) Дядо ми пък е от Дупнишко, та македонския ми е като втори роден език. Посмъртно не мога да го говоря или пиша, но разбирам всяка думичка. Не е трудно, за Бога!


Хохо.. и в мен тече македонска бурна кръв.. по дядова линия ! :twisted:

И кво радваш ли се

Автор:  SneakyDude [ 01 Фев 2007 18:51 ]
Заглавие: 

WannaBe написа:
Не вярвам някои да го прочете тва...Тука не е форума на атака

Колкото ненавиждам "Атака" и нейния светоглед, толкова ме дразнят и подобни неподготвени изказвания. Не си го чел, нали, как тогава изказваш мнения по темата изобщо не ми е ясно...

Инициативата на братята македонци е похвална, макар да ме съмнява колко е мащабна. Там антибългарската пропаганда се вихри от много време и вярвам е погълнала съзнанията на мнозинството.

Не прочетох всичко със стопроцентово внимание, признавам, нямам македоноговорящата среда на колегата Зубро. И все пак, погледнете колко са близки езиците. Ако не бяха нечовешките опити на македонците да си "европеизират" езика с хиляди чуждици, текстът щяхме да четем почти толкова лесно колкото и родната си реч.

Автор:  Ледник [ 01 Фев 2007 18:54 ]
Заглавие: 

Снийки е напълно прав. За Бога, че дори в Банско (което е в България) говорят на по-неразбираем диалект от македонския. Той, както беше казал някой, е просто Български, писан на сръбска пишеща машина.

И е добре да знаем, че там има хора незасегнати от пропагандата.

Автор:  Firzen [ 01 Фев 2007 19:08 ]
Заглавие: 

Интересно - и много тъжно - четиво. Особено като прочетеш неща като (свободен цитат) "Във фашистката преса не са се пускали такива обидни коментари по адрес на евреите, каквито се пускат в македонската по адрес на българите"... :/

Автор:  TheGuardian [ 01 Фев 2007 19:37 ]
Заглавие: 

http://macedonia.com/english/history/
Цитат:
Although very little of the Macedonian tongue has survived, there is no doubt that it was a Greek dialect. This is clear from a whole series of indications and linguistic phenomena by which the koine of the region is "colored" which are not Attic but which can only have derived from a Greek dialect.

Не просто твърдят, че македонците произхождат от гърците, ами даже и езика им бил гръцки диалект...
Иначе посочения линк е интересен - един добър пример как да съчиним дълга и сложна "история". Чуло се някъде, че имало Александър "Македонски", и вече имаме даже и доказателства за великата Македонска империя :lol:

Автор:  slim_k [ 01 Фев 2007 19:56 ]
Заглавие: 

Българските овчари останали в изкуствено създадения сателите на османците и югославяните . Добре че поне една част от тях си помнят корените . Кел Файда обаче , като половината се мислят за наследници на Александър Велики и баща му . Тъпи селяци ...

Автор:  wannabe [ 03 Фев 2007 15:29 ]
Заглавие: 

SneakyDude написа:
WannaBe написа:
Не вярвам някои да го прочете тва...Тука не е форума на атака

Колкото ненавиждам "Атака" и нейния светоглед, толкова ме дразнят и подобни неподготвени изказвания. Не си го чел, нали, как тогава изказваш мнения по темата изобщо не ми е ясно...
Ми казвам че според мене никои нема да го прочете тва.Тряя ли да съм го чел за да го помисля тва?Хаха ебати логиката

Автор:  The Chameleon [ 03 Фев 2007 15:32 ]
Заглавие: 

Till Lindemann написа:
И кво радваш ли се



Дали се радвам или не - факт е, умнико.

Автор:  Mad Hatter [ 03 Фев 2007 22:48 ]
Заглавие: 

някой ще може ли резюмирано да ми каже за какво по точно става дума в това писмо че само разбрах че се оплакват от кво тaka и не разбрах.
п.п не чаткам Македонски или по-точно крайно западен БЪЛГАРСКИ диалект[/b]

Страница 1 от 2 Часовете са според зоната UTC + 2 часа [ Лятно време ]
Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group
http://www.phpbb.com/